16 години после сложената операција Божиновски им пркоси на сите животните предизвици

За себе си вели дека е во групата на среќни пациенти... Затоа што, кога во 2001 година му се слошило, докторите кои го прифатиле во друга болница му давале уште 3 часа живот...  А тој, после операцијата со 7 бајпаса и 2 операции на каротиди, направени од д-р Жан Митрев, 16 години живее нормален живот...

 „Јас сум 301-от пациент на д-р Жан Митрев. И ако животот знае да биде многу непредвидлив, да носи со себе добри и лоши денови, пријатни и непријатни ситуации, кај мене тасот навалувал повеќе кон непријатните, најтешките за еден родител“, го совладаа емоциите 75 годишниот Божин Божиновски.

Тој, заедно со својата фамилија беше дојден на редовна контрола. За него, докторите велат дека е дисциплиниран пациент. Од редовни контроли до терапии и континуирани консултации, што е позитивно и многу важно за еден пациент на кој му е извршена тешка и сложена операција. „Да не беше д-р Жан Митрев, Божин ќе го немаше. Од 3 часа кои му ги „даваа“ во друга клиника, нашиот доктор успеа да го врати во живот и благодарение на него сега е со нас. 7 часа траеше неизвесноста околу операцијата, но надежта не ме напушти во тие тешки моменти. И сега, 16 години потоа, неговото срце е добро, а Божин е витален и добро ги извршува редовните, секојдневни обврски“, се надополни неговата сопруга. Таа заедно со Божин беа на преглед во болницата, а откако го завршија се сретнаа и со „нивниот доктор“, како што го нарекуваат д-р Жан Митрев. Задоволни дека ќе споделат со него вести за нивната здравствена состојба неизбежно беше да продолжат со разговорот и за тоа како ги минуваат деновите во старост, со нивните внуци...