Фиксацијата на ребра клучна за новиот живот на Лјугичи

Пациентот Арсим Лјугичи (41) од Косово беше примен во нашата установа со тешки повреди здобиени во сообраќајна несреќа. Првите неколку денови по несреќата бил третиран на Клиника во Приштина, но состојбата се влошувала...“ Не се чувствував добро и во разговор со мојата фамилија одлучивме да ме донесат на преглед во Жан Митрев Клиниката. Имавме претходно позитивно искуство во оваа болница и верувавме дека овде ќе ми помогнат“, раскажуваше пациентот. По направениот преглед од страна на тимот на д-р Жан Митрев беа констатирани скршеници на повеќе ребра во градниот кош, како и отежнато и компромитирано дишење. Беше поставена индикација за итна операција, при што беше направена фиксација на 4 ребра со плочки и поставена епидурална аналгезија. „Веќе следниот ден можев да станам, а не чувствував ниту болка. Бев како нов. Среќен сум поради тоа што има стручни доктори, хирурзи кои не враќаат во живот. Се е на високо ниво во болницата, ова е за пример, болница која според условите, редот, дисциплина и квалитетните услуги ја нема на ниту едно друго место во Европа“, заврши тој.

Д-р Жан Митрев и неговиот тим, и овој пат ја потврдија нивна стручност и посветеност при решавање на случаи со тешка здравствена состојба.