Гинекологија Филип Втори

Дали патите од уринарна инконтиненција?

Нашиот тим на гинеколози е специјализиран за дијагностика и третман на жени со :

  • Уринарна инконтиненција ( неволно испуштање на мокрачата )
  • Фекална инконтиненција ( неволно испуштање на гасови/столица)
  • Пролапс на генитални органи ( спад од нормална позиција)
  • Интерстицијален цистит ( инфламација на ѕид на бешика)
  • Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс

Голем број на луѓe мислат дека инконтиненцијата и пролапсот на гениталните органи се редок проблем кој се среќава само кај мал број постари жени. Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените кои одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно испуштање на мокрачата, а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од постменопаузалните жени имаат неволно цревно празнење ( цревна инконтиненција). Голем број на жените со вакви проблеми не бараат медицинско решение најчесто поради срам или страв дека позади овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно,  а некои пак сметаат дека ваквата нивна состојба е нормална за нивната возраст.

Инконтиненцијата и пролапсот се ретко предизвикани од некое опасно медицинско заболување. Како и да е овие две состојби не се нормални за било која возраст, и овие заболувања можат да предизвикаат значајни социјални, емоционални, сексуални, психолошки и професионални пореметувања.

За ваквите состојби, ние имаме индивидуален пристап кон секој пациент, а третманот го базираме во зависност од потребите и желбите на секоја жена. При тоа, на секоја жена ги нудиме сите можности за терапија на нејзината состојба и даваме поддршка во одлуката да го одбере најдоброто за неа, а во зависност од нејзиниот начин на живот и потреба.

„Секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состојби треба да побара соодветна медицинска помош“

НАПРАВЕТЕ ГО ОВОЈ ЕДНОСТАВЕН ТЕСТ И ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ СВОИТЕ СИМТОМИ

  1. Дали Ви се случува несакано да испуштите мокрача кога кашлате, кивате, трчате, скокате, се смеете, носите товар или имате сексуален однос?
  2. Дали често Ви се јавува силна желба да мокрите, да испуштите урина пред да стигнете до тоалет?
  3. Дали мокрите секој час во текот на денот или повеке од 2 пати навечер ?
  4. Дали случајно/ несакано испуштате гасови или столица барем еднаш во текот на неделата ?
  5. Дали често имате силна желба за празнење на цревото, па да испуштите малку столица пред да стигнете до тоалет ?
  6. Дали забележуватe испакнување ( топче) кај вагината при бањање?
  7. Дали морате да го вратите назад во вагината за да мокрите или дефецирате ?
  8. Дали чувствувате притисок и тегнење во вагиналниот предел кој се намалува и се губи откако ќе легнете ?

Доколку одговорот на било кое од овие прашања е ДА, закажете преглед во нашата болница!