Гладијаторите од Штип со новата спортска опрема се подготвени за нови подвизи

Со последната донација на спортска опрема од страна на Жан Митрев Клиник, кикбоксерите и таеквондистите од Штип ќе го зајакнуваат професионалниот спорт и следната година. Со тоа, спонзорираната поддршка на д-р Жан Митрев кон кикбокс клубот “Гладијатор“ од Штип продолжува и во следната година. „Благодарение на поддршката на д-р Жан Митрев, од самиот почеток до денес, веќе петта година по ред, го одржуваме кикбоксот во живот, но секако и ние како клуб се надоградуваме. Дека професионалноста и физичката подготвеност на членовите на клубот, од година во година е на повисоко ниво потврдуваме преку бројните медали и пехари освоени на домашни и меѓународни натпревари“, објасни тренерот и професиналниот кикбоксер, Кирил Нацев.

Со новата опрема и секојдневните тренинзи, членовите на клубот „Гладијатор“ неуморно се подготвуваат за претстојното Европско првенство во кикбокс кое ќе се одржи во септември, годинава во Скопје. „Наша обврска, но и знак за благодарност кон подадената рака од д-р Митрев е да продолжиме со „собирање“ на медали и да го унапредуваме спортот во Штип, а се во функција за подобро здравје и поквалитетен живот на нашите сограѓани“, изјавија членовите од клубот.