Интерактивна работилница

Генетика, нутриционизам и здрав начин на живот

Тим од специјалната болница “Филип Втори“, во соработката со членовите на Клубот на млади од Црвен крст на Град Скопје, традиционално и оваа година е вклучен во одбележување на неделата за борба против срцево- садови заболувања. Во рамките на неделата, на 20.02.2017, во конференциската сала во болницата „Филип Втори“ ќе се организира интерактивна работилница на тема: Генетика, нутриционизам и здрав начин на живот. На тој начин, волонтерите од Црвениот крст на Град Скопје ќе имаат можност подетално да се запознаат со важноста на генетиката, нутриционизмот за здравиот начин на живот, а во насока на сочувување на здравјето на срцето и крвниот систем. Интерактивни предавања ќе имаат претсавниците од тимот на “Филип Втори“, и тоа:

  • Горан Кунгуловски (доктор на науки по геномика и епигеномика),
    тема: Персонализирана генетика и кардиоваскуларни болести - во срцето на нештата
  • Вера Кироска (нутриционист),
    тема: Тајните на здравата исхрана
  • Илија Дојчиновски (здравствен психолог),
    тема: Со здрави навики за здраво срце

Во рамки на оваа недела ќе бидат извршени и бесплатни кардиолошки прегледи на 10 деца од згрижувачки семејства и ќе бидат посетени неколку наши пациенти со нивните семејства. Традиционално, и годинава на нашите пациенти ќе им бидат доделени пакет производи обезбедени од хуманите волонтери на Црвен крст на Град Скопје и тимот на “Филип Втори“. Преку оваа и други континуирани активности, ние ќе продолжиме да ја јакнеме свесноста кај младите да бидат активни учесници во грижата за своето здравје.