Млади битолчани посакаа да бидат во колективот на Zan Mitrev Clinic

Годишните средби и дружењето со средношколци од ОСМУ “Д-р Јован Калаузи“ од Битола со медицинскиот персонал од Zan Mitrev Clinic и по 15 години продолжува. Годинава, на посета ни беа ученици од 3-та година, медицинска и фармацевстска струка. Поделени по групи, заедно со Николина Тренчевска, стручен наставник по практична настава, ги осознаа принципите и начинот на организација на болницата, ги посетија одделите, научија повеќе за перформансите на апаратурата, опремата, условите за работа. Информативната прошетка низ болницата ја организираа искусните медицински сестри во болницата, водени од Александра Темелковска, кардиоперфузионист и главна сестра во болницата.

По завршување на неколкучасовна прошетка, сакавме да ги слушнеме нивните впечатоци. Воодушевено раскажуваа дека ова не е класична болница... “Ова е современ и модерен медицински центар. Многу пријатна работна атмосфера, невообичаено за македонски услови. Апаратурата е импресивна. Би го истакнал организацискиот дел на одделението за интензивна нега. Прекрасни услови во дијагностичкиот центар. Многу љубезност и срдечност кон пациентите “, се надополнуваа учениците. Се надоврза и нивната професорка која рече дека “ова е единствено место во Македонија, пример за болница за која пишува во литературата. Она што го предаваме на учениците, овде може да го видат во пракса и во вистинско светло “. Беа пријатно изненадени и од Центарот за едукација Zan Mitrev Clinic поради тоа што до сега не слушнале за ваков концепт во друга болница. Посакаа еден ден да бидат и тие дел од медицинскиот тим на д-р Жан Митрев.