Наше искуство со корекција на граден кош споделено на Европски конгрес на инструментарки

Од 4-ти до 7-ми мај во Родос, Грција се одржа ЕОRNA- Европски конгрес на инструментарки. Претставници од  Zan Mitrev Clinic кои редовно присуствуваат на овие вредни меѓународни стручни средби беа учесници и на годинешниот конгрес. Нашите инструментарки Катерина Р.Јанев и Александра Р. Тунев активно учествуваа со постер презентација на тема “ Клиничка пракса во користење на Nuss техниката“ за корекција на граден кош, што е една од спецификите на болницата. Нивната презентација предизвикала голем интерес кај колегите кои барале одговори на одредени прашања поврзани со техниките за корекција на граден кош, за методите, но и постигнатите резулати до сега во клиничката пракса. Катерина и Александра се вратија со нови, дополнети знаења и разменети искуства со своите колеги.