Од Мелбурн преку Битола директно кај д-р Митрев

Трајанка Јовановска која беше во “женската соба“ на полутинтезивна не дочека во позитивно расположение. Не сакавме да ги прекинеме во разговорот со нејзината цимерка, на која Трајанка, која е со поголемо животно искуство ѝ даваше совети... Но, сепак се сконцентира на споделување на нејзиното искуство со оперативните зафати кои и беа направени, операција на каротидната артерија, а потоа и бајпас на срцето.“

Допатував од Австралија за да продолжам да ги уживам пензионерските денови во мојата родна Битола. Немав никакви болки, но решив да направам редовен контролен преглед. Матичниот доктор ме испрати да направам испитувања во Поликлиниката “Филип Втори“ во Битола, од каде ми препорачаа да се јавам и закажам во оваа болница“, зборуваше Трајанка. По утврдените дијагностички процедури, д-р Жан Митрев направи две операции. Неколку дена после втората операција, таа се подготвуваше за дома... “Не сум личност која се жали на здравствени проблеми, туку редовно си правам прегледи. Затоа и навремено ми беше утврден проблемот и за брзо време успешно беше завршена операцијата. Се помина во најдобар ред и сум многу благодарна на д-р Митрев. За најбрзо време и успешно го реши мојот случај.“ Вели дека е презадоволна и од персоналот, од ангажираноста и грижата околу неа, а целокупно за болницата смета дека е на прво место во цел свет. Пред неколку години и било направено стентирање во Австралија поради запушени артерии во срцето. За нејзиното позитивно искуство и успешната операција направена од д-р Митрев, сакаше да слушнат и прочитаат нејзините долго годишни пријатели од Австралија, каде и го поминала повеќе од половина од нејзиниот животен век. Нејзината порака е дека: Се се купува во живот, само здравје не! Затоа, редовни контроли, спокојство, здрава исхрана и животот е многу убав“. 

Ние ѝ посакуваме да се води од таа девиза уште многу години и да дочека длабока старост во родната Битола.