Отвореноста и професионализмот на персоналот „регистрирани“ од студентки од Италија

Интересот за посета на нашата установа од поединци и групи постојано расте. Желбата да се види и почувствува работната атмосфера во еден современ медицински центар, да се информираат за современите апаратури и техники со кои работи високостручниот медицински кадар во болницата беше реализирана и за две студентки по медицина од Италија. Причината за нивниот петмесечен престој во Р. Македонија е студентска размена преку Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а во рамките на Еразмус програмата за обазование на Европската Комисија. Во организација на доц. д-р Милка Клинчева, специјалист-интернист и одговорна на одделението за полуинтезивна нега тие поминаа еден ден низ одделите на болницата. „Ние сме студенти од последна година на Факулетот за општа медицина во Италија. Во вашата држава дојдовме за да направиме споредба и разлика, паралела во медицинската пракса. До сега, во однос на методите и стручноста не утврдивме некоја голема разлика, во болниците во Италија и овде. Тоа е позитивно“, изјави една од нив. „Во Македонија сме за првпат,а за првпат и во оваа болница. Првиот впечаток ни беше дека не сме во болница, многу поинаку од други медицински установи. Според инфраструктурата и градбата ова е многу современ објект“, ги дополни впечатоците на својата колешка. Нѝ раскажаа дека професионалноста, пријателскиот однос и љубезноста се карактеристиките по кои се истакнуваат докторите и медицинскиот персонал во Zan Mitrev Clinic. „Отвореноста на докторите да споделат знаења со помлади колеги, студенти е исто така вредност која треба да се потенцира. Задоволни сме многу од сето она што го видовме, за се  што не информираа колегите од одделенија на интензивна нега, во операциона сала, полуинтензивна нега, лаборатории, а добивме објаснување и за сите услуги кои ги имате во болницата. Од посетата во болницата и од Р. Македонија ќе понесеме многу убави впечатоци“, заклучија студентките.