Редок и голем тумор на срце - случај кај млада пациентка

Млада девојка на која спортот со години наназад и бил верен сојузник и во центарот на срцето,  никогаш не се надевала дека ќе има проблеми со здравјето. Се до пред неколку месеци кога почнала да чувствува замор, тешко дишење, а постепено почнал и гласот да ѝ се модифицира. Но, проблемот не го сфаќала толку сериозно се до пред една недела кога проблемот добивал во интензитет. Срцебиењата зачестиле, почнала да губи контрола при стоење, да има тапи болки во градите. Тогаш се вклучил аларамот кај неа и нејзините најблиски.

По прегледот кај интернист и првичната дијагноза за воспаление на срцев мускул не талкале многу по болниците. Знаеле дека патот води до д-р Жан Митрев. Направен е преглед во нашата болница, при што ехокардиографскиот наод е во прилог на голема туморозна формација (должина 8 см) во левата преткомора, која ја поминува митралната валвула, причинува значајна митрална инсуфициенција и влегува во левата комора.

Д-р Жан Митрев ја реконструираше митралната валвула и ја екстирпираше туморозната формација, која беше со димензии 8 см х 4 см х 3 см.

По успешната операција и отпочнување на процесот на рехабилитација, се забележуваше свежина во ликот и поведро расположение. Упати апел до сите дека секој сигнал од телото треба сериозно да се сфати, но и да се прават редовни контролни прегледи, а навиката да се оди на доктор откако здравствената состојба ќе стане алармантна е погрешна.  

За болницата зборуваше со воодушевување и неверување дека во Р. Македонија има вакви услови и ваква установа, а сакаше да ја пофали и ангажираноста и професионалноста на целиот персонал, а за д-р Жан Митрев кажа дека е „човекот кој не враќа во живот“.