Средба вредна за спомени за младата Јована

Најнаградуваната кикбокс натпреаварувачка од Штип, Јована Арсова (16) се закити уште со два златни медала и два пехара како најдобар јуниор на Балканското првенство во кикбоксинг што се одржа во Тешањ, Босна. Водена од желбата да ја искаже благодарноста кон спонзорот на клубот д-р Жан Митрев, заедно со нејзиниот тренер Кирил Нацев беа во посета на болницата. „Овој пехар сакам да го подарам на Вас. Тоа е знак на благодарност за долгогодишната поддршка кон клубот“, рече Јована.

Д-р Митрев на неа и останатите од клубот посака да редат и понатаму успеси и посветено да вежбаат, a пехарите да им се множат. Знаејќи дека тоа е вредна потврда за нејзината работа и постигнат успех, д-р Митрев рече дека пехарот е нејзина заслуга и како таков да го чува. За Јована, средбата со д-р Митрев претставува мотив повеќе за нови подвизи и проширување на домашното катче со нови медали и пехари.

Kикбоксерите на Гладијатор од Штип во континуитет постигнуваат одлични резултати и се китат со вредни медали. Последна станица на која отскокнаа со своите резултати беше Државното првенство што се одржа во Скопје каде освоија 10 медали, од кои еден од златните отиде во рацете на Јована.

Уште многу успеси!