Тест за коронарна болест

Најчестиот причинител за смртноста но, и причинител кој во најголема мера може да се превенира!

Коронарната срцева болест е најчестиот причинител за смртност, но повеќето од овие случаи може да се превенираат. Важно е да знаете дека постојат чекори кои може да го намалат ризикот од развој на коронарната срцева болест.

Овој интерактивен тест го проценува Вашиот ризик од коронарната срцева болест и обезбедува соодветни совети за превенција. Секој може да го употреби, но е од најголема корист за луѓето кои никогаш немале проблем со срцево заболување. Доколку, во минатото сте имале проблеми со срцево заболување, тогаш е неопходно да поразговарате во врска со тоа, со Вашиот матичен доктор.

За да го процените Вашиот ризик од коронарната срцева болест и да научите повеќе за начинот на кој можете да го намалите ризикот, одвојте неколку минути да одговорите на неколку прашања кои се однесуваат на Вашето здравје и животен стил. Вашиот ризик за болест не може да Ви каже дали со сигурност ќе имате коронарната срцева болест, но може да Ви помогне во која насока да ги насочите своите превентивни напори – затоа што најдобриот начин да се изборите со коронарната срцева болест е да го спречите, пред да се појави!

Кликни тука за тестот