Тест за мозочен удар

Најголем број на случаи од оваа застрашувачка болест може да се избегнат со едноставна промена на животните навики.

Мозочниот удар влијае на милиони мажи и жени ширум светот, и може да доведе до инвалидитет и смрт. Многу мозочни удари се превентивни, и постојат значајни чекори кои Вие може да ги превземете за да го намалите ризикот од нив.

Овој интерактивен тест го проценува Вашиот ризик од мозочен удар и обезбедува соодветни совети за превенција. Секој може да го употреби, но е од најголема корист за луѓето кои никогаш немале мозочен удар, транзиторна мозочна атака или срцева болест. Доколку имате било која од овие состојби, зборувајте со Вашиот лекар за Вашиот ризик.

За да го процените Вашиот ризик од мозочен удар и да научите повеќе за начинот на кој можете да го намалите ризикот, одвојте неколку минути да одговорите на неколку прашања кои се однесуваат на Вашето здравје и животен стил. Вашиот ризик за болест не може да Ви каже дали со сигурност ќе имате мозочен удар, но може да Ви помогне во која насока да ги насочите своите превентивни напори – затоа што најдобриот начин да се изборите со мозочниот удар е да го спречите пред да се појави!

Кликни тука за тестот