Тест за стрес

Стресот е неизбежен, но Вие можете да изнејдете начини како да го намалите неговот влијание врз Вашето здравје!

Чувството на вознемиреност, срцебиење, замор и исцрпеност, страв и безволност, се симптоми на кои денес многу луѓе се жалат. Кога тие немаат своја органска природа одговорот е на друго место. Доколу Вашиот матичен лекар или кардиолог Ви кажал дека е се’ во ред со Вашето здравје, а Вие сепак не се чувствувате добро, сте помислиле ли на тоа, дека Вие самите можете да си помогнете и да дадете одговор на Вашите прашања?

Овој интерактивен тест го проценува Вашиот ризик од развој на заболување поврзано со стрес и обезбедува соодветни совети за превенција. Секој може да го употреби, но најсоодветен е за оние кои имале стресни настаните и ги чувствуваат негативните последици од нив.

Некои од настаните во минатото имаат потенцијал да предизвикаат поголем стрес, а некои помал. Големите стресни настани, но и помалите, со својот кумулативен ефект го носат организмот во стрес и така можат да доведат до развој на одредени заболувања. Во тој случај неопходно е да поразговарате со стручно лице - Вашиот матичен доктор или психолог, во врска со тоа.

Кликни тука за тестот